Денеска се исполнува желбата на нашата прерано загината музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Имено, како што е најавено од службите денеска во Крушево ќе биде осветен Манастирот Свето Преображение Господово, познат токму по залагањето на Тоше за неговата изградба.

Крушевско – дмирхисарскиот Митрополит Г. Јован донел одлука за негово осветување по завршувањето на градбата која траеше долги години.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

– Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески.

Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – стои во соопштението од Митрополијата крушевска и демирхисарска – се наведува во соопштението.