Екипата на Македонија Ѓорче Петров со победа ја започна својата европска авантура оваа сезона. Шампионот во Суперлигата во првиот натпревар од првото коло во Европскиот Куп одигра моќно против црногорскиот претставник Тиват и пред својата публика во Автокоманда славеше со убедливи 43-22.

Прв стрелец во таборот на македонскиот тим беше Ана Марија Коларовски со десет гола, а два помалку имаше Божиновска. Реваншот во Црна Гора кој ќе биде само формалност е закажан за први октомври.