Хуманитарен коридор за евакуација во украинската област Луганск ќе биде отворен утринава, изјави регионалниот гувернер Серхи Гајдеј на платформата Телеграм.
– Договорен е хуманитарен коридор, ќе се обидеме денеска да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна. Договорен е „режим на тишина“ за 19 март, со почеток во девет часот (осум часот по македонско време), истакна Гајдеј, објавија западните медиуми.