Во пресрет на Светскиот ден на дебелината, 4 март, во склоп на болницата „8 Септември“ во Скопје, се отвора првиот центар за менаџирање на дебелината во земјава.
Дебелината општо е прифатена како хронична и прогресивна болест која резултира со голем број здравствени компликации.
За жал како лекари не сме обрнувале многу внимание на дебелината. Сме третирале нејзини компликации без да размислиме дека причината е самата дебелина. Гледано од тој аспект и по иницијатива на нашиот ендокринолошки тим решивме да отвориме Центар за менаџирање на обезноста каде ќе бидат вклучени лекари од повеќе специјалности, ендокринолози, писхолози, кардиолози, ортопеди, нутриционисти и баријатрични хирурзи. Центарот ќе биде афилиран помеѓу европските центри за дебелина и ќе има соработка со другите центри во Европа. Центрите за менаџирање на тежината се составен дел од Европското здружение за дебелина. Преку оваа активна соработка ќе имаме можност да ги следиме најновите сознанија во областа на менаџирањето на дебелината и ќе споделиме наши искуства со другите европски земји, велат од ГОБ „8 Септември“.
Во центарот ќе се спроведува едукација за пациентите, регулирање на исхраната, за пациенти ко иимаат потреба од терапија ќе планира фармаколошка терапија, и за екстремно обезни пациенти ќе се даде опција за баријхатрична хирургија која ќе може да се направи во ГОБ „8 Септември“.