Според МВР, несреќата се случила во 23.50 кога се судриле патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од селото Радуша, Скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „ауди“, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти
МВР.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.