Како што наведува ССМ, претставниците на Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус. Според нивните пресметки, усогласувањето на минималната плата ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари.

Воедно се додава и дека на седницата не било прифатено барањето на ССМ, минималната плата да се зголеми за 60 отсто од просечната плата и да не изнесува помалку од 16.976 денари особено, ако се знае, како што посочува ССМ, дека само за лекување поради заболување или изолација од КОВИД -19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи, односнос синдикалната минимална кошничка која е неопходна за едно четиричлено семејство изнесува 33.702 денари.

– Иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари. ССМ смета дека таквото усогласување на минималната плата на начин на кој и параметарот за реалниот пораст на БДП иако во Законот не е предвидено се пресметува како минус и е спротивно на Закон и со тоа работниците, ќе бидат оштетени за најмалку околу 2.500,00 денари годишно – стои во соопштението.

За ваквото надгласување на работниците за усогласувањето на нивната минимална плата, а со тоа и утврдување понизок износ на минималната плата, ССМ најавува дека ќе поведе постапки пред надлежните институци и ќе ги преземе сите законски мерки и можности за да се исправи оваа, како што оценува, неправда.