Прв на листата е белорускиот претседател Александар Лукашенко, потоа поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, сирискиот претседател Башар ал Асад, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потоа Курц.
Курц беше рангиран меѓу првите пет најкорумпирани политичари во светот од 1.167 „номинирани“.
Комисија составена од шест новинари и научници кои се занимаваат со корупција и известуваат за неа, и покрај рекордниот број „номинирани“ лидери, за прв пат по една деценија едногласно го избра Лукашенко.
Кога станува збор за Курц, ОЦ ЦРП направи грешка, бидејќи на веб-страницата го претстави поранешниот канцелар како лидер на десничарската Партија на слободата на Австрија, чии водечки членови „паднаа“ поради аферата „Ибица“.
Курц поднесе оставка од функцијата канцелар на 9 октомври и се повлече од политиката во декември, откако беше покрената истрага против него и неговите девет соработници за корупција и проневера.