Седум војници се повредени денеска во експлозија на муниција од Втората светска војна на територијата на Академијата за воени комуникации во Санкт Петербург, именувана по маршалот на Советскиот Сојуз С.М. Буџоно, соопшти прес-службата на воениот округ во тој град.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила при чистење на подрумот, при истовар на ѓубре во контејнерот, кога детонирала муниција од Втората светска војна, пренесуваат руските медиуми.Сите повредени се пренесени во медицинската установа на Министерството за одбрана на Русија.