Во пораката на ФФМ стои:
– Здравствените работници ја водеа битката на нашата генерација. Горди сме што им пружаме малку поинакво задоволство со можноста да ги бодрат македонските фудбалери на Европското првенство
Првиот натпревар на евро-шампионатот, македонските фудбалери ќе го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија.
На 17 јуни е дуелот со Украина исто така во Букурешт, додека на 21 е средбата со Холандија во Амстердам.