Ќе му покажеме добро на тој премиер кој дојде во име на желбата за правда во име на владеењето на правото и правната држава, во име на борбата против корупцијата. Во име на соборување на режимот а го изгради истиот режим и уште полош. Го гледате овој премиер секоја вечер, не поминува недела кога не се обидува да прикрие некој скандал, овој премиер ќе мора да знае дека денес има илјадници Албанци кои не го уживаат правото да учат на својот јазик, и јас кога кажам ова не е национализам, туку тоа е заштита на основните човекови права без оглед на етничката припадност што ја има. „Додека тој што го забранува ова, е националист”, рече Села.

Села ги потсети ветувањата на Заев, што ги даде од мостот во Лока и која сеуште не се изградил. Децата во Блаце кои секојдневно ја минуваат границата за да одат и да се школуваат.

И ова што го кажам е во име на правата и слободата. Ете овој премиер кој стана толку гласен во обвинувањето за нас. Дали знаете каде и е маката? Тој се грижи затоа што заедно со неговиот партнер Али ќе ги загубат овие локални избори од Струга до Липково, и во Скопје и секаде, а во декември повеќе нема да биде премиер бидејќи ќе има нова влада, што ќе биде во рацете на албанските политички субјекти што се грижат за Албанците каде и да се “, изјави Села ..