-Дојдовме до договор за план што го имаме и само ќе се обидеме да го финализираме , рече сенаторот Џо Манчин од Вирџинија.

Донесувањето на законот за обнова на патиштата, мостовите и другите традиционални инфраструктури во САД е главен приоритет на Бајден. Тој неодамна изјави дека тоа ќе помогне во поттикнување на економскиот раст,во периодот кога земјата се избавува од економските последици од пандемијата со ковид-19.