На 25.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Е.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.02.2023 во 23.45 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.Ф.(43) од Скопје и М.С.(26) од Р.Турција затоа што кај Б.Ф. била пронајдена и одземена грутчеста материја, а кај М.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.02.2023 во 01.20 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.02.2023 во 03.00 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода М.Д.(25) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.02.2023 во 17.30 часот на ул.“Илинденска“ во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Џ.Ќ.(18) од с.Пршовце-тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.02.2023 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Ф.(40) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.