Но, кај нас „АстраЗенека“ се дава само на граѓани над 60 години, а такви меѓу полицајците нема, бидејќи одат порано во пензија поради бенефицираниот стаж, па овие вакцини ќе бидат употребени за повозрасните граѓани, а 3.000 полицајци ќе бидат покриени со вакцини од други производители, кои се на располагање во моментов.
Од Министерството за здравство потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека согласно Националната стратегија за вакцинирање, со овие 6.000 вакцини од Унгарија ќе бидат вакцинирани 3.000 повозрасни граѓани, а 3.000 полицајци ќе бидат вакцинирани со „Синофарм“ и „Фајзер“.
На Скопскиот аеродром, Сијарто беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.