Претседателката Гордана Силјановска Давкова беше дел и од средбата на лидерите од Западен Балкан со шефот на европската дипломатија Борел и посочи дека отстапките што ги направи нашата земја не беа соодветно вреднувани, со што се зголеми фрустрацијата во македонското општество.
Претседателката во изјава за МРТ потенцираше дека Македонија била најпослушна од земјите членки на Западен Балкан кон Западна Европа, но тоа не било соодветно вреднувано од страна на Брисел. Силјановска Давкова потенцираше дека токму затоа сега време е да бидеме дел од големото европско семејство.
Силјановска Давкова потенцираше дека мора цел на Македонија да биде час поскоро дел од ЕУ.
Ние сме целосно усогласени со надворешната политика на Брисел. Овде нема ништо загрижувачко. Мојот основен став за евентуалната одбрана од сите воневропски ситуации и целта е да се биде час поскоро внатре и да се виде крајот на маратонскиот пат со ЕУ. Тоа го заслуживме, вели Гордана Силјановска Давкова.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.