Според него, ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.
-Не би сакал да го споредувам унгарскиот став со било чиј друг став. Ставот на унгарската влада е дека со Република Северна Македонија веднаш, значи денес, најдоцна утре, мора да се започнат преговорите за зачленувањето – истакна Сијарто.
Инаку, еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, кој доаѓа од иста политичка структура како и Сирјато, деновиве истакна дека доколку Македонија не го реши спорот со Бугарија можно е одвојување на земјава од пакетот со Албанија, која, исто така, чека старт на преговорите со Унијата.