Поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за човекови права Јан Фигел, кому денеска затворскиот менаџмент не му дозволил да влезе во КПУ Скопје, откако побарал дозвола за посета на ќелијата на бизнисменот Јордан Камчев, сепак успеал во својата намера, дознава Плусинфо.

Непријатно изненаден од затворските власти, Фигел зборувал со министерот за правда Бојан Маричиќ, а потоа и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска е во Скопје. Дури по телефонскиот разговор со Вархеји, дипломатот Фигел добил дозвола да го посети Камчев.

Според добро упатени извори, порталот пишува дека поранешниот еврокомесар бил одбиен без конкретно образложение, со конфузен одговор на неговото барање од страна на судијата Илија Трпков и со нејасни објаснувања од страна на одговорните лица пред вратите на КПУ Скопје.

Фигел, заедно со адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски не добиле образложение зошто неговото барање за посета е одбиено. Јан Фигел во своето искуство вбројува и директна вклученост и работење на случаи со политички затвореници во Иран, Куба, Судан и Пакистан. Тој ќе го мониторира и случајот на бизнисменот Камчев, пишува Плусинфо.

Целиот текст ТУКА