Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Карпош расчистија случај пријавен на 05.10.2021, од страна на И.Б.(39) од Скопје, според кој на 04.10.2021 околу 12.00 часот на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Газела“, од страна на три лица му било извршено кривично дело „разбојништво“, при што му биле одземени два мобилни телефона.
Како што денеска соопштија од МВР, по преземени мерки и активности утврдено е дека едниот мобилен телефон од пријавата, почнувајќи од мај 2021 година, односно пред пријавувањето на кривичното дело, го користел 42-годишен скопјанец, со што се докажува дека И.Б. лажно пријавил кривично дело „разбојништво“.
Против И.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „лажно пријавување на кривично дело“, по чл. 366 од Кривичниот законик.