Орце Ѓорѓиевски објави дека во Скопје секојдневно се работи на одржување на редот, чистотата и јавните површини, со цел градот да добие поубав и поуреден изглед.

Во објавата тој наведе дека улиците се перат континуирано, а јавните површини се одржуваат редовно.

„Скопје, какво што го заслужуваме. Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој порача дека Скопје треба да се чува, додавајќи: „Затоа што го сакаме Скопје“.