По повод успешната мисија на Канцеларијата за врски на Алијансата во земјава денеска пред Министерството за одбрана во Скопје ќе биде отворен НАТО парк.

Според најавата, отворањето на паркот ќе биде проследено и со изложба на фотографии, преку која ќе биде прикажано основањето и работата на Канцеларијата, како дел од активностите за првата годишнина од членството на земјава во НАТО.

Македонија вчера одбележа една година од влезот во НАТО. По тој повод, за време на прославата, грчки авиони летаа над Скопје. Откако станавме членка на НАТО, македонското небо го чува Грција. Прославата на годишнината предизвика интерес и во грчките медиуми.