Прегледи и упати на специјалисти
Во текот на вчерашниот ден, повеќе од 100 лица беа прегледани на двата скрининг пункта во Трубарево. Од нив, осум пациенти беа упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања кои не биле контролирани подолго време.
Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека според податоците од тимовите на Клиниката за пулмологија, овие пациенти покажувале симптоми како потешко дишење, сува кашлица и стегање во градите.
Во рамки на скринингот, беа идентификувани и пациенти со висок крвен притисок. Тие добија препорака да се обратат кај својот матичен лекар за понатамошни испитувања и следење на здравствената состојба.
„Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции“, истакна министерот Алиу.
Следење на здравствената состојба
Министерството најави дека и понатаму ќе продолжи со мониторинг на здравствената состојба на населението во Трубарево и ќе одржува континуирана соработка со Клиниката за пулмологија за рано откривање на потенцијални здравствени проблеми.