Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Славески:
Добровечер победници! Почитувани скопјани, почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, почитуван кандидат и иден градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, почитувани мои колеги кандидати за советници во Град Скопје, почитувани членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани коалициони партнери од Коалицијата за Обнова на Македонија, драги пријатели.
Каква енергија се чувствува во воздухот оваа вечер! Скопје е подготвено за промени! Промени, затоа што ние скопјани не сакаме арогантни политичари кои се потсмеваат на нашите маки и проблеми. Промени затоа што ние скопјани повеќе нема да толерираме неработници и манипуланти кои 4 години не залажуваат со сликички и 3Д анимации. Промени затоа нам скопајни ни требаат конкретни решенија што ќе ни го олеснат животот и ќе ни овозможат услови за да ги реалзиарме нашите потенцијали.
Затоа сигурен сум дека ќе победиме на 17-ти октомври! Затоа што ние скопјани заслужуваме посветени и докажани професионалци, заслужуваме многу повеќе од ова. Ќе победи Скопје. Ќе победат скопјани!
Почитувани скопјани,
За среќа овој пат изборот е лесен драги сограѓани, разликите се јасни, ароганција на спроти скромност и чесност, дрска корупција наспроти отчетност и домаќинско работење, мрзеливост и неработење наспроти професионалност и посветеност. Професионалците да ја земат работата во свои раце. Овие 4 години не само што немавме развој на Скопје, развојот е мисловна именка. Овие 4 години нам ни беа безобразно ускаратени, основни услови за достоинствен живот, веќе 4 години живееме во нечистотија, во смрдеа, во хаос, во распад. Што кај паднало не станало. Скопје во мртвило, уништено во духот. Не само што ништо не направија, ги гледаме како јадните се препелкаат за едноставни работи да организираат. Градските власти се во состојба кога не можат да ги извршуваат ниту нивните основни функции, а ние наивно бараме конкретни решенија за нашите проблем, бараме развој, бараме и ќе бараме затоа што заслужуваме. Заслужуваме модерно, европско, вибрантно Скопје.
Ние нудиме реални проекти, издржана програма со цврста финансиска конструкција кој гарантира дека ќе се реализира, проекти кои значат безбеден и поврзан град, град кој ќе создава можности, град кој повторно ќе дише.
Размислуваме и планираме стратешки и долгорочно, но делуваме брзо и сигурно.
Се бориме за мнозинство во Советот на Град Скопје со кандидати за советници кои се одличен спој на енергија, искуство, знаење, амбиции. Лекари, спортисти, економисти, професори, луѓе од нашите маала, луѓе кои ги знаат нашите проблеми, а имаат меѓународно искуство. Млади и амбицициозни, но и повозрасни и искусни. Секој еден поединечно биран врз основа на способностите и угледот во заедницата и во во професијата. Не се бориме за да бидеме гласачка машинерија се бориме за да создадеме компактен, конструктивен Совет кој сесрдно ќе го поддржува, но истовремено ќе биде и контролор на градоначалникот. Притоа ќе осигура домаќинско работење на градската власт. Совет кој ќе работи во дослух со граѓаните.
Превземаме одговорност, уморни сме од замајување, од гафови, манипулации, уморни сме од големото ништо што ни го донесе поинаквата приказна на Петре Шилегов.
Затоа на 17 октомври ќе гласаме за промени, за проекти, и за победи. Победи за сите скопјани.
Се дрзнуваат и да ни кажуваат дека општините што ќе имаат градоначалници од СДСМ ќе биле поддржувани под централната власт. Многу било тоа важно. Да, важно е, ама и тоа е манипулација затоа штопосле локалните избори деновите на СДСМ на централна власт ситно ќе се бројат. Тоа веќе им е јасно, тоа им е јасно на птиците на гранките, ама јасно им е и на нив почитувани скопјани и затоа е оваа нервоза.
Нема ништо неизвесно и непознато во врска со методите на нивното владеење. Се отворија како пупка цитиррам овие 4 години.
Со СДСМ точно знаеме на што сме криминал, корупција, рекет, понижувања, предавства, згора на тоа елементарна неспособност да се чуди човек колку се неспособни. Дошле за да владеат, а не да им служат на граѓаните. Не создадоа ништо.
Која е нашата визија за Скопје? Накратко. Нашата визија е европска иднина за Скопје. Визија која се базира на три столба – промени, проекти и победи. Да ја промениме ароганцијата со скромност и чесност. Да ги промениме коруптивните навики со отчетност и домаќинско работење. Да ја промениме мрзеливоста и неработењето со професионалност.
Професионалците да ја земат работата во свои раце. За да донесеме нови проекти. Затоа почитувани ја бараме вашата доверба. Во недела, на 17-ти октомври излезете уште рано наутро. Заокружете го бројот 7 за советничката листа на Град Скопје што ја претставуваат овие луѓе кои се позади мене.
Потребна ни е таа поддршка за да имаме силно мнозинство кое ќе создава нови проекти за градот Скопје. Да не зависиме од непринципиелни уцени на политички маргиналци. Потребно ни е убедливо мнозинство, за програмата „За модерно Скопје“ на кадидатот за градоначалник Данела Арсовска да стане реалност.
Гласајте и за бројот 82. Бројот 82 на Данела Арсовска. Заедно да победиме! На 17 октомври да ја создадеме новата иднина за Скопје! Да бидеме живи и здрави! Ви благодарам, рече Славески.