Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.