Очите на македонската и бугарската јавност одново се впрени кон Христијан Пендиков кој на денешното судење даде исказ дека причината поради која бил нападнат е неговото нацонално чувство како Бугарин. На оваа тема, споделуваме објава од познатиот Инстаграм инфлуенсер Никола Николовски – Боемот.
Случај Христијан Пендиков: Која е вистината за претепаниот „Бугарин”?
Време е да ги погледнеме фактите за Пендиков. Најпрво би ја споделил со вас информацијата дека со Христијан се допишувавме преку овој профил и сме делеле ист став на многу теми како: Црвен крст, брзи кредити, патриотизам, ЛГБТ итн. Но, пред извесно време (најверојатно ова лето) сум добил „анфолоу“ и оттогаш сум немал контакт. Значи, од тоа што го знам за него до пред половина година е тоа дека станува збор за личност со квалитетни размислувања.
На прашањето „Кој е Христијан Пендиков“ водејќи се според бугарската „Фондација Македонија“ можеме да забележиме дека тој е волонтер на Црвен крст и дека е претепан само бидејќи е Бугарин. Но, она што заборава да го каже оваа бугарска фондација е тоа дека кај Христијан пред повеќе од еден месец е пронајдена дрога (кокаин) и против него е поднесена кривична пријава. Оваа вест ја потврди и претседателот Пендаровски. Значи оттука на сите може да ни е јасно која е позадината зад овој инцидент, а тоа се НЕРАСЧИСТЕНИ ДОЛГОВИ.
Пендиков немал бугарски пасош, а барање поднел пред помалку од еден месец. Се наметнува и прашањето: Како Бугарија ангажира владин авион за човек којшто НЕ е нивни државјани? Значајно е да се напомене дека Пендиков во полиција изјавата ја сменил три пати, а тоа само ги потврдува нелогичностите.
Христијан е „жртвено јагне“ на бугарската пропаганда во Македонија. Од мои пријатели дознавам дека неговата фамилија се декларираат како Македонци и дека работата на Христијан како секретар во бугарскиот клуб е исклучиво „за пари“. Во оваа пригода ги прашувам македонските институции зошто МОЛЧАТ за мотивите и причините за инцидентот и зошто НЕ ги демантираа лагите на бугарското МНР и „Фондација Македонија“?
Од тепањето на Пендиков добива единствено Бугарија во Брисел и сега имаат „оправдани мотиви“ за вето. За крај ќе ја искористам поговорката на нашиот народ: „Единствен полош од Турчинот е потурчениот“. Така и во случајов. Се надевам дека Пендиков ќе има памет во глава, а непромислените потези да слугува на Бугарија ќе бидат минато.
Проклети да се предавниците!
Боемот 2.0
П.с. Околу изреката „Единствен полош од Турчинот е потурчениот“ сакам да објаснам дека иако оваа народна фраза е многу лошо настроена кон сограѓаните Турци, ја пишувам без намера да ги навредам. Изреката е создадена пред неколку векови кога сме биле под турско ропство, а околностите денес се многу поразлични.
View this post on Instagram
Инаку, денеска адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски децидно ги отфрли наодите на одбраната дека не се работи за напад поради национални чувства затоа што не биле поткрепени со докази.
За потсетување: Две лица го претепаа Пендиков пред кафе-бар во Охрид на 19 јануари годинава.
Случајот доби политичка аконотација, а се појавија и многу сомнежи.