Иако се уште не е извршено примопредавање, пред два дена на владина седница бил разрешен директорот на најголемиот македонски затвор, КПД Идризово, Јовица Стојановиќ, додека за вршител на должност е назначен Реџеп Реџепи, oбјави Телма.
Реџепи е член на Алтернатива, поранешен кандидат за градоначалник на Врапчиште кој во таа општина имал и локални функции.
Смената во Идризово е дел од договорот за влез на Алтернатива во владата.