Откако беа пренесени информациите од Виенската полиција, дека девојчето и двете жени од снимката во Виена немаат никаква поврзаност со Данка Илиќ и дека детето од видеото не исчезнатото девојче не е Данка, се огласи претседателот Александар Вучиќ од седница на Владата кој информираше дека двегодишното девојче е убиено и дека двајца сторители се уапсени.
„Имам лоши вести за малечката Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои го извршиле убиство на малечката Данка и колку што сфатив и двајцата го признале убиството. Со какви монструми ние имаме работа. Сега ги водат до местото каде го фрлиле телото на детето. И благодарам на полицијата на големиот труд и ангажман“, изјави Александар Вучиќ.
Од полицијата потврдија дека се уапсени двајца мажи на возраст од 50 години од Бор, а според неофицијални информации станува збор за двајца работници од ЈК претпријатие Водовод, за кои не се знае дали детето го убиле од невнимание или смислено, по што детето го фрлиле на некоја од депониите во Бор. Во моментов тие се со полицијата и се трага по телото на двегодишната Данка.