Вчера се одржа протест на три локации во Скопје и 10 други градови во Македонија.
На протестот пред ТЦ Мавровка демонстрантите беа вознемирувани и нападнати од страна на полицијата, при што едно лице беше приведено.
Станува збор за активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Калошевски кој беше уапсен откако се обидел со својата камера да ја сними полицијата која ги запишуваше регистарските таблички на возилата кои ја блокираа раскрсницата.
По инцидентот и апсењето, Калошевски даде изјава за медиумите каде раскажа што точно се случило.
Тој додаде дека бил тепан и малтетиран во комбето од страна на еден од полициските службеници.
По овој инцидент, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од полицискиот службеник кој немилосрдно го нападна младиот активист,по некоја случајност е истиот кој бил еден од лицата кои го обезбедувале Седат Пекер.
Оооо братми @o_spasovski, абе што прајме со Орхан Хамза?
Од обезбедување на наркобосот и криминалецот Седат Пекер каде што го намести ТИ, до денес, да тепа народ на протестите.
Многу грдо ќе завршите братми, многу грдо. pic.twitter.com/LfNx6GDWEf— Фортификација (@Fortiifikacija) June 8, 2021
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го казни полицискиот службеник кој го нападна Стефан Калошевски.
-Стефан е исклучително храбро и чесно момче, кој денеска беше за жал жртва на фрустрацијата на еден припадник на министерството за внатрешни работи кој применил и сила. За тоа имаме и медицински извештај кој ќе биде даден на увид на јавноста, рече Мицкоски.
Тој вели дека очекува од страна на министерот и командирот на полициската станица овој дивјак да биде најстрого санкциониран.
-Ако мисли дека значката на МВР и оружјето што го носи на реверот му дозволуваат да применува сила, тогаш ваквите дивјаци не им е место во МВР, потенцираше Мицкоски.