Полицајци со приватни возила поминале 959 пати на патарина без да платат. Кривично ќе одговараат 12 припадници на МВР и 6 вработени на патарината Романовце. Полицајците се здружиле со службениците и им дале список на регистарски таблички на возила за да им креваат рампа бесплатно.

Го оштетиле државниот буџет за околу 1000евра, што во период од први јануари до 15 август годинава минувале без да платат билет.

Случајот е регистриран на видео камерите на наплатната. Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе поведе постапка против полицајците за утврдување дисциплинска одговорност а до тогаш ќе им се изречат мерки за суспензија од работа во службата.