Околу правните дилеми за квалификацијата на кривичното дело за кое беа обвинети најголем дел од инволвираните – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по член 313 од КЗ, Буџакоски смета дека е несоодветна бидејќи според него обвинетите немале намера да го загрозат уставниот поредок.
Квалификацијата на кривичните дела и судските пресуди за собраниските инциденти беа една од темите за кои вчера разговараа и шефот на државата и лидерот на најголемата опозициска партија. Пендаровски по средбата рече дека со Мицкоски неколку минути разговарале за тоа и дека ако има нови докази може повторно да се отвори процесот но дека не заговара негово преотворање. Мицкоски пак во изјавата на претседателот денеска рече дека гледа притисок.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека го поддржува повторното судење на 27 април повторувајќи го ставот дека на 27 април немало терористички акт, туку насилство или напад врз пратеници, политички лидери и новинари.