Усвоени законски измени во повеќе области по скратена постапка

Собрание на Република Македонија денеска на 102. седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измени на законите за внатрешни работи, полиција, Македонска радиодифузија и финансиска поддршка на инвестиции.

На седницата беа опфатени и точки од областа на образованието, кои претходно беа разгледани на 97. седница и исто така усвоени по скратена постапка.

Петрушевски: Се менува пристапот во МВР и системот за кадри

Пратеникот Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека се воведуваат системски промени во начинот на кој се обезбедуваат кадри во полицијата.

„Од каде што државата ќе ги црпи најдобрите кадри коишто веќе ќе бидат подгтовени за оној позив којшто значи полициска работа“, нагласи Петрушевски.

Тој додаде дека „сега тоа нема да се прави, туку се формира средно полициско училиште“.

Во своето обраќање рече и дека граѓаните повеќе нема да чекаат редици за документи, како и дека „сега Македонија е држава којашто има кредибилитет, углед – меѓународен“.

Петрушевски истакна и дека „сега немало да се дозволи криминалците да хараат по улиците низ државата, како што додаде – да има кокаин на секое место“.

Прекината седницата поради две точки

Антонио Милошоски информираше дека точките 13 и 14 ќе бидат разгледани кога ќе се создадат деловнички услови, по што 102. седница беше прекината.

Станува збор за Предлог-закон за задолжување на државата кај повеќе странски банки и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2025 година.

На 97. седница беа усвоени измени на законите за основно образование, образование на возрасни и стручно образование и обука.

Со нив се врши усогласување со националната рамка на квалификации, електронските документи и се уредуваат делови од финансирањето и организацијата на стручните центри.