Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, максималната дневна температура ќе биде 29 степени.
Следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.