Првата дама на Украина, Олена Зеленска, даде интервју за украинската Рада ТВ со нејзиниот сопруг Володимир Зеленски.
Ова е само втор пат двојката да биде видена заедно од почетокот на војната, бидејќи Зеленска е скриена поради безбедност.
– Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства, сега е раздeлено, рече Зеленска и додаде:
– Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеца, само разговараме на телефон. Досега имавме неколку шанси да се видиме.