Влажни коловизи, магла на планинските превои
Според информациите од Автомото сојуз на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози. На планинските премини Ѓавато и Буково има врнежи од снег, но сообраќајот се одвива без задржување на коловозот.
Намалена видливост поради магла
АМСМ предупредува дека на повеќе планински превои е присутна магла, поради што видливоста е значително намалена. Магла со видливост до 50 метри има на планинскиот премин Плетвар и во правец Крушево, додека на Стража и на патниот правец Тетово – с. Лисец видливоста изнесува до 80 метри.
Умерен сообраќај и апел за внимателно возење
Од 15.11.2025 година на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15.03.2026 година, без разлика на моменталните временски услови. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да управуваат со прилагодена брзина и зголемена внимателност, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од појава на одрони.
