Од обработени 81,66 отсто од гласовите, според првичните податоци на ДИК, на вчерашните локални избори за Совет на Град Скопје ВМРО ДПМНЕ освои 63 123 гласа или 33,91% од гласовите, втор е СДСМ со 41 683 гласа или 22,39% од гласовите, трета е ДУИ со 24 513 гласа или 13,17%, Левица со 15 601 или 8,38% од гласовите, Алијанса на Албанците/Алтернатива со 10 474 гласа или 5,63% и ЛДП/ДОМ со 7 160 гласа или 3,85%, Зелен Хуман Град 6 655 или 3,58%. Останатите се едвај над 1 отсто и под тоа.
За Совет на Град Скопје гласале 186 144 избирачи, од кои неважечки се 9 813.