Без разлика дали сте на базен, на прошетка или уживате во пешачење, погрижете се секогаш да сте доволно хидрирани.
Најчести знаци за дехидрација се чувство на жед, гадење или вртоглавица, забрзано чукање на срцето или главоболка и/или темна концентрирана урина. Ако не обрнете внимание на она што вашето тело ви го кажува, може да се доведете во ситуација да ви биде потребна медицинска помош.
Избегнувајте газирани или засладени пијалоци. Газираните пијалоци можат да предизвикаат гасови, гадење и вознемиреност во стомакот, особено на високи температури, бидејќи се богати со шеќер и калории. Повремено консумирање на кафе или чај е во ред, сè додека не чувствувате никакви симптоми на дехидратација.
Обидете се да намалите внес на храна со висока количина натриум.
Вашата хидратација е важен дел од целокупното здравје и благосостојба. Соодветната хидратација е добра за вашето здравје на неколку начини – помага да ја регулирате телесната температура што е од суштинско значење за циркулацијата и е добро за мускулната функција и здравјето на кожата.
Добра идеја е да носите шише со вода кога излегувате или ако бидете на топло време подолг период.