Спасовски на средба со амбасадорката на Србија во Македонија

С

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со новоназначената амбасадорка на Србија во Македонија Невена Јовановиќ, на која беше потенцирана одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, но и генерално меѓу двете држави, посебно во делот на културата и економијата.

Македонија 22.07.2021. 18:05

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, посебен интерес на средбата бил изразен за продолжување на одличната соработката во областа на миграциите и успешните активности за спречување на илегален влез на мигранти и борбата против нивно криумчарење.

Министерот Спасовски се заблагодарил на амбасадорката Јовановиќ и за помошта која нашата држава ја доби од Србија за време на пандемијата со ковид-19, изразувајќи увереност дека само преку градење на заеднички политики се овозможува заштита на граѓаните од двете земји.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст