Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук објави видео од новогодишно обраќање.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
Од се срце, во мое име и во името на моето семејство Ви посакувам да Ви се исполнат сите желби. Да имате топлина во домот и радост кај Вашите најмили.
Животот не научил да бидеме трпеливи и солидарни.
Имајте широко срце, почитувајте се меѓусебе и помагајте си!
Следните 365 дена од новата 2023 година нека Ви бидат исполнети со добро здравје, неизмерна среќа и благосостојба во Вашиот дом и семејство!
Среќна нова 2023 година – напиша Стефковски.