Жителите од Колонија и Јурумлери добиваат пешачка патека по регионалниот пат Р-1103. Во завршна фаза се градежните работи за изградба на пешачката патека на регионалниот пат Р-1103 која ја градиме по барање на жителите од Јурумлери и Колонија. На една од средбите со граѓани беше истакнат проблемот со безбедноста на граѓаните поради недостаток на пешачка патека. Издадов налог да се изработи проект и веднаш пристапивме кон изведба на градежните работи на терен. Во оваа фаза градиме пешачка патека во должина од 500 метри. Барањата на граѓаните се решаваат, општината се менува. Продолжува обновата на нашата Гази Баба, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Стефковски: Жителите од Колонија и Јурумлери добиваат пешачка патека по регионалниот пат Р-1103
С