– Очиглено дека Зоран Заев го осетил притисокот на своја кожа, кога пред некој ден имаше огромен број починати, а тој отиде со Филипче да вози мотор. Не доаѓа притисокот само од опозицијата веројатно и внатре незадоволството се раѓа, смета Стоилковски.

Тој праша како да веруваме во имунизација кога денеска има објавено слика на меѓународен медиум на македонски јазик кадешто се гледа половина кабинет на Венко Филипче како чека ред во Ниш да се вакцинира. Ако Филипче не’ убедува дека започнува вакцинацијата тогаш зошто неговиот кабинет ќе се турка и ќе прави редови во Ниш да се вакцинира?

Стоилковски исто така посочи дека на фотографијата има и висок функционер на СДСМ, поранешен министер како чека ред за вакцинација.

– Се работи за целосна недоверба и се работи за колапс на еден систем, во секој случај надвладеа разумот денеска, рече Стоилковски.