Деновиве како бомба во јавноста одекна одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбург донесена врз основа на поднесена тужба од Елена Дочевска Божиновска, а врз основа на настаните кои се случија на тој фамозен 27ми април. Тогаш на малкумина им беше јасно, денес се повеќе се зборува дека тој ден на Македонија и се случи едно крваво сценарио кое имаше единствено за цел да го сруши патриотизмот, на колена да го клекне и да го исплаши Македонскио народ, пишува Самоил МАЛЧЕСКИ, универзитетски професор.

Во продолжение неговиот став:

Некој беше свесен дека не ќе може така лесно да се пазари со националните интереси и да оствари се што ветувал пред тоалетите на големите настани, друг пак беше свесен дека го чекаат мачни судења, па решија да се најдат на половина пат. За жал и тогаш и денес страдаат невини луѓе.

Пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбург е класичен доказ дека настанот беше наместен, дека многу луѓе со чисти и искрени патриотски мисли, во тој патриотскиот набој кој тие денови и се случуваше на Македонија настрадаа.
И немојте да ми морализирате и да раскажувате приказни. Никој од тие со качулките не беше идентификуван иако сите знаеме кои се тие луѓе и од каде дојдоа. Василевски, Муковски и Арнаудов, луѓето кои ги отворија вратите на Собранието на Република Македонија и дозволија да се случат немилите настани до ден денес се шетаат слободни, не одговараа за нивните дела. Напротив, едниот си продолжи со тендерите, другиот уште кучето што не си го вработи во државна администрација, а третиот, тој секако си отсана една голема несреќа! Дополнително на ова, никој не одговараше за пеењето на туѓа химна во Македонското Собраните, а до ден денешен ги нема записниците и стенограмите како командат Форина стана претседател на Собранието, остана само онаа штура слика, на која јасно се гледа дека нема 61 глас, ама затоа многу луѓе од таа слика дебело се офајдија на грбот на овој напатен народ. Тоа е уште еден од низата докази за селективното постапување на ОЈО и молчаливиот и послушниот Јовевски.

Пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбург е само прва во низата, веројатно допрва ќе има и други. Но, едно останува со сигурност. Штетата седум години ја плаќа Македонија. Дополнителна штета ќе плаќаме сите ние. Недопирливите судии и обвинители очигледно право седат, криво судат. Судат по нечиј диктат, по нечија наредба, само да уживаат во мизерните привилегии кои ги добиваат.

А, а може се да е поинаку. Како? Едноставно, секоја сторена штета да ја платат од џеб. И судијата кој одредил притвор, и тој во основен суд, и тие во апелација, сите заедно солидарно, а зошто не и да сносат кривична одговорност за сзлоупотрена на слиужбена положба и овластувања во корист на трети лица. Притоа, место средства да се исплаќаат од Буџетот на РМ, нека си ги платат тие или нивните наредбодавци, зошто секако не судат во име на народот, на кој се повиквуаат во нивните пресуди. Па оттука, зошто сите да ги плаќаме нивните инструирани пресуди. Секако народот, во големо мнозинство, преку 92% не верува во нивната чесност и нема доверба за нивната работа.

Сакате реформа на правосудниот систем? Ајде да почнеме со овој мал, а сепак голем чекор.