Шокантната видео снимка каде се забележува дека инструкторка од Србија ги насочува студентите како да го злоупотребат случајот „Кочани“ во Македонија, тие го ставија прстот на челото. Освен снимката, откако се објави дека организатор на протестите е и скоро 30 годишниот Борјан Ефтимов, Независниот студентски сојуз излезе со соопштение.

ПРОТЕЧЕ ВИДЕО: Инструкторка од Србија ги насочува како да го злоупотребат случајот „Кочани“ во Македонија!

Соопштението на Независниот студентски сојуз го пренесуваме во продолжение:

Почитувани,

Независниот студентски сојуз е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери.

Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност.
Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме.

Поради тоа нашиот собир закажан за утре во 13:00 часот пред платото на УКИМ се откажува, додека целосно не ги дистанцираме обидите за политичко влијание.

За дополнителни чекори ќе ве известиме во наредниот период.

Повторно апелираме партиите да стојат на страна од искрените и чесни намери на студентите за нивно организирање!

Со Почит,
Независен студентски сојуз.

Повеќе за организаторката на протестите која дава инструкции може да погледнете од линкот во продолжение.

(ФОТО) ЕВЕ КАКО СЕ ВИКА ИНСТРУКТОРКАТА ОД СРБИЈА КОЈА ПОДГОТВУВА НЕРЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА – дали работи за тајна служба?