Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на времето.
Појавата на варијантите кон крајот на 2020 година, што претставуваше зголемена закана за глобалното јавно здравје, ја натера СЗО да означи варијанти што треба да се „следат“ и други „загрижувачки“ варијанти, со цел да се даде приоритет на набљудувањето и истражувањето на глобално ниво.
„Делта варијантата сега преовладува. Всушност, помалку од еден процент од моментално достапните секвенци се загрижувачките варијанти – алфа, бета и гама“, одговори директорката на техничката екипа на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове, на социјалните медиуми.
-Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите вируси, додаде таа, прецизирајќи дека тој е присутен во 185 земји.
СЗО одлучи да ги именува варијантите што треба да се следат и се загрижувачки, според буквите од грчката азбука, со цел да се избегне каква било стигматизација на една земја и да и се овозможи на јавноста полесно да ги изговара.