СЗО испрати соопштение по најновите случувања во појасот Газа.
„СЗО ги повторува своите повици за итен хуманитарен прекин на огнот и ги потсетува сите страни во конфликтот да ги преземат сите мерки на претпазливост за да ги заштитат цивилите и цивилната инфраструктура. Ова ги вклучува здравствените работници, пациентите, здравствените установи и амбулантите и цивилите кои се засолнуваат во овие установи. Мора да се преземат активни мерки за да се осигура дека тие нема да бидат повредени и да се обезбеди безбеден премин за движење на очајно потребните медицински материјали, гориво, вода и храна во и низ Газа.
„Извештаите за бомбардирање во близина на болниците во Индонезија и Ал Шифа се сериозно загрижувачки. СЗО повторува дека е невозможно да се евакуираат пациентите без да се загрозат нивните животи. Болниците низ Газа веќе работат со максимален капацитет поради повредите здобиени во неколкунеделното немилосрдно бомбардирање и не се во можност да го апсорбираат драматичното зголемување на бројот на пациенти, додека засолнуваат илјадници цивили.
„Здравствените работници кои останаа покрај своите пациенти се соочуваат со сè помали резерви, без место за ставање нови пациенти и без средства за ублажување на болката на нивните пациенти. Секој час има повеќе ранети. Но, возилата на брзата помош не можат да стигнат до нив во затемнувањето на комуникациите. Полни се мртовечниците. Повеќе од половина од загинатите се жени и деца“.
СЗО соопшти дека не можела да комуницира со својот персонал во Газа, ниту пак со други агенции. Понатаму, се обидува да собере информации за целокупното влијание врз цивилите и здравствената заштита.
Во соопштението се додава дека СЗО „апелира до хуманоста кај сите оние кои имаат моќ да го сторат тоа да ги прекинат борбите сега, во согласност со резолуцијата на ОН усвоена вчера, која повикува на хуманитарно примирје, како и итно и безусловно ослободување на сите цивили држени во заробеништво“.