Талибанците апелираат меѓународната заедница да испрати помош во Авганистан по вчерашниот земјотрес со интензитет 6,1 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.

Не е познат бројот на затрупаните луѓе под урнатините, а спасувачките акции се попречени од обилниот дожд и недостиг на средства.

Најпогодена од земјотресот е југоисточната авганистанска покраина Патика, а Обединети нации се обидуваат да обезбедат засолништа и помош во храна.

Портпаролот на талибанците Занихулах Муџахид на Твитер објави дека во загрозената област Пактика од Пакистан пристигнале осум камиони со храна и други артикли, како и два авиона со хуманитарна помош од Иран и од Катар.

Јужна Кореја и Јапонија најавија помош за настраданите во земјотресот.

Организирање на директна меѓународна помош би било тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, испраќаат хуманитарна помош преку ОН и други организации за да избегнат испраќање пари на талибанците.