Изјавата на Снопче ја разниша владината коалиција

Реакцијата на пратеникот Халил Снопче во врска со законот за бранители ја разниша владината коалиција. Тој се закани дека доколку власта го изгласа Законот за бранителите тие ќе ја напуштат владината коалиција. Сепак, премиерот Мицкоски е дециден исто како и министрите и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека законот за бранители ќе се изгласа.

Таравари ги смири страстите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

Страстите на релација ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги смирува министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој од Њујорк порача дека владината коалиција е стабилна, но дека е потребна почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта. И ДУИ се против законот за бранители, а меѓудругото од партијата на Ахмети најавија и протести заради укинување на балансерот.

Таравари по изјавата на Снопче: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме

Закани и притисоци не поминуваат кај премиерот Мицкоски

Мицкоски не попушта пред Вреди. За заканите на пратеникот Халил Снопче, Мицкоски порача „Нека му е со среќа“ и додаде дека власта останува на ставот за бранителите. Закани и притисоци не поминуваат кај премиерот Христијан Мицкоски.

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители

Снопче си го „свитка опашот“

Во меѓувреме, откако Снопче увиде дека власта на ВМРО-ДПМНЕ го брани достоинството на Македонците и повеќе дека нема попуслива политика како СДСМ со Заев и Ковачевски, денеска Снопче си го „свитка опашот“.

„Како што ја свика Комисијата за буџет така претседателот на Собранието Африм Гаши може да ја свика и Комисијата за труд и социјална политика за да се разгледува Законот за бранители“, вели Јован Митрески кој бара за надлежностите на спикерот да расправа мандатно имунитетната комисија.

Реакции

Неприфатливо е Законот за бранители да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ – смета владиниот партнер Демократски сојуз.

„За припадниците на ОНА се направија голем број отстапки од амнестија до вработување па најостро ги осудуваме најавите на ДУИ дека ќе дојде до дестабилизација на земјата“, пишува во дописот на Демократскиот сојуз.

И Стојанче Ангелов од Достинство на ист став дека законот мора да се изгласа.

Владата ќе помогне на семејствата на загинатите од 2001 година

Во меѓувреме, останува дали владината коалиција ќе го изгласа Законот за бранители и дали семејствата на оние кои загинаа за татковината во 2001 година ќе добијат соодветно оштетување.