Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово најстудено со -1 степен е на Попова Шапка, а со измерени девет степени во Гевгелија.
Во Маврови Анови утрово до 8.30 часот темепратурата била 1 степен, 2 во Лазарополе, 3 во Берово и Крушево, 4 степени во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 6 степени се измерени до Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Битола, Демир Капија и Виница, 7 степени во Охрид, Струмица и Куманово и осум степени во Штип.
Висината на снежната покривка во 7 часот во Маврови Анови е еден сантиметар.