Во текот на вчерашниот ден 16 годишен тинејџер нападнал своја соученичка со остар предмет. Малолетникот освен што ја нападнал упатувал и закани кон соученицчката и уште еден малолетник кои биле од истото училиште.

Настанот во полиција го пријавил 43 годишен тетовчанец со иницијали Н.П., а пријавата се однесува за 28.11 кога во 12.45 часот во скопската општина Аеродром неговата ќерка била пресретната од 16 годишен малолетник.

МВР соопшти дека ова не е единствена пријава на територија на Општина Аеродром. 48 годишен скопјанец од општината Аеродром пријавил дека кон неговиот 16 годишен син бил пресретнат од малолетник и со него било напаѓано со остар предмет, па потоа син му физички го нападнал истиот.

Според информациите на полицијата драмата не завршила таму, туку малолетникот упатувал и закани по живот на социјалните мрежи.

МВР заедно со јавниот обвинител го расчистуваат овој случај и ги преземаат сите мерки за превенција на идни вакви настани.