– На 10.05.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на крстосница од ул.„Св.Јоаким Осоговски“ и ул.„Гоце Делчев“, патничко возило „сеат алхамбра“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) удрило во пешакот Р.С.(71), и двајцата од Крива Паланка, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.