Артан Груби со расфрлање на пердуви во јавност и правење дефокус од криминалот за кој е разоткриен нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера за која што ќе има одговорност и за која и тој лично ќе одговара!

Воедно заборава дека и во некоја друга влада партнер беше Дуи и практично беше дел од власта и со самото тоа и тој и неговата партија беа дел од “заробената” држава и “стиропорите”.

А кога веќе станува збор за инвестиции кои ќе ги донесат и инвеститорите кои ќе ги привлечат криминалните коридори 8 и 10д, да не почнуваме да прави споредби колку странски инвестиции се донесени во Македонија за период од 2006-2017 а колку од 2017-2023, затоа што и малите деца можат да направат така голема разлика, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.