На 19.02.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на делот од пругата меѓу железничките станици Драчево и Лисиче едно лице било повредено од струен удар.

-Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за лицето С.Ц.(72) од Скопје, кој со трска за риболов ги допрел жиците, информира МВР.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.