Страшна трагедија се случи синоќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец. Три деца загинаа во пожар во семејна куќа. Децата биле на возраст од девет, седум и три години. Бебе родено минатата година е спасено.

„Целата заедница е во шок. Ова е непоправлива загуба за семејството и за целата наша населба“, изјави за Međimurski.hr претседателот на ромската заедница во Меѓимурје, Матјаш Дидо Оршуш, изразувајќи длабок шок од овој трагичен настан.

Сите детали за околностите околу пожарот се уште не се познати. Полицијата пристигнала на лице место и врши увид за утврдување на причините за трагедијата. Во тек е специјална истрага каде биле родителите во моментот на пожарот.